Лидерски камп МАССУМ 2008
На 7 и 8 јули во хотел „Дрим“ во Струга се одржа лидерски камп на МАССУМ кој веќе трета година традиционално се организира.
Во рамките на кампот се реализираше обука за лидерство и комуникации на која присуствуваа претседателите на локалните организации на МАССУМ.
Програмата за обуката беше осмислена и спроведена од страна на лидерскиот тим и беше насочена кон успешно работење на локалните МАССУМ ограноци.
„Ова беше одлична можност за нас лидерите да ги покажеме усвоените знаења и лидерски вештини. Ја зацврстивме и продлабочивме соработката со локалните МАССУМ ограноци со цел да го продолжиме успешното реализирање на замислените активности“ – истакна Анита Митрева, претседателот на лидерскиот тим на МАССУМ.
Обуката наиде на позитивни реакции од страна на претседателите на локалните МАССУМ ограноци а воедно беше и одлична можност за нивно меѓусебно запознавање и размена на искуства.



del.icio.us
Digg


Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот