ПОДОБРУВАЊЕ НА ОЦЕНУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
Во фазата на имплементација на новата интерактивна методологија, наставниците го практикуваа само традиционалното оценување преку тестови. Со цел да се реализира успешна имплементација на новата методологија во проектните училишта и да се подобри учењето и постигнувањата на учениците, на наставниците им е потребна дополнителна обука за оценување на ученици со примена на повеќе различни методи на оценување (набљудување на работата на учениците, конструктивно критикување на работата на учениците, интервјуирање (структурирани разговори)).

Постојат над 200 наставници на кои им е потребна обука за оценување на ученици. Иницијална група од 31 учесник (20 одбрани наставници, 8 советници при Бирото за развој на образование, и 3 инспектори при Државниот просветен инспекторат на Република Македонија) беа обучени за оценување на ученици од страна на двата консултанти од Ирска. По завршувањето на обуката, во текот на месец август 2007, 20-те обучени наставници ќе ги обучат преостанатите свои колеги (180). Суштината на ваквата стратегија за обука е: прво да се обучат наставниците, а потоа истите да бидат поддржувани од страна на консултантите од Ирска во текот на следната обука.
Највидливите форми на оценување имаат тенденција да бидат сумативни, мерејќи што учениците научиле преку тестирање и испрашување, или да се смета училиштето за одговорно за практичната оспособеност на ученикот. Но оценувањето може да биде и формативно. Формативното оценување се однесува на честите, интерактивни оценувања на напредокот и разбирањето на ученикот (OECD, 2005). Тоа се разликува од сумативното оценување по тоа што информациите собрани при формативното оценување се користат за да доведат до подобрување, а не да служат како сумирање на практичната оспособеност. Формативното оценување се гледа како еден од најефективните начини за подобрување на постигнувањата и еднаквост на резултатите на ученикот и развој на вештините за учење на ученикот (Black & William, 1998). Важен дел од формативното оценување се однесува на природата и квалитетот на повратните информации дадени на учениците, како и прилагодување на наставата според потребите на учениците, обезбедувајќи им вештини и алатки за самооценување. Повратните информации базирани на напредувањето на поединецот кон целите на учењето се смета за поефективно од споредувањето со други ученици. Оценувањата базирани на задачи за практична оспособеност, како проекти, изработени задачи и оценување на портфолио претставуваат компоненти на формативното оценување.
Оваа обука поаѓа од претпоставката дека важно е да се оцени знаењето што им се дава на учениците, и да се идентификуваат соодветни наставни цели и резултати од учењето на ученикот. Таа ја признава улогата на ученикот во идентификувањето на ваквите цели. Ја истакнува важноста на повратните информации, и усни и писмени, како клучен фактор при мотивирањето на учениците да учат и развивањето на нивната самопочит. Вклучува неколку добро познати стратегии за проценка на претходното знаење на учениците, вклучувајќи семантичко мапирање и семантичка анализа. Ги истакнува различните нивоа на когнитивно функционирање, вклучувајќи буквално учење, учење со изведување и евалуативно учење; и како ваквото учење може да се развива преку прашување. Овозможува практична работа за изработка и примена на листи за оценување за усни презентации, писмени задачи (спектар на видови), и проектна работа.
Постои силно потенцирање на охрабрувањето на учениците да бидат некако вклучени во поставувањето на целите, аналитички да размислуваат за повратните информации што ги добиваат, да го следат своето учење и да ја вреднуваат сопствената работа.
Се обрнува внимание и на употребата на тестови со повеќекратен избор од страна на наставниците за да го следат напредувањето на учениците. Се уверува дека ваквите тестови се важен елемент на урамнотежена програма за оценување. Згора на тоа, се обрнува внимание на прашања како доследност на тестовите, покривање на содржините и ниво на когнитивно функционирање коешто може да биде користено.
Работилницата заврши со развивање на план за дисеминација на информациите на поголема група во рок од три дена.
Учесниците ќе работаат и поннатаму на развивањето на овој план, идентификувајќи ги оние стратегии што има изгледи да бидат успешни и кои најлесно може да им се пренесат на наставниците обучувачи во Македонија.
Датуми на програмата и место на спроведување на обуката: |
Обуката беше спроведена од 10 до 13 јануари, 2007 година во Хотел “Дрим”, Струга
Цели на обуката и очекувани резултати: |
Во текот на обуката учесниците го стекнаа следното знаење:
Ø Значајноста на нови и подобри системи на оценување
Ø Карактеристики, примена и користи од формативното оценување за вреднување на учењето на учениците
Ø Како да изберат, конструираат и применуваат методи на оценување соодветни на она што се очекува да биде научено
Ø Да применуваат методи на оценување со кои учениците се инволвирани во активности на самооценување и оценување на своите соученици, со цел да им се помогне да ги освестат своите јаки страни и своите потреби како и да се охрабрат да поставуваат лични цели на учењето.
По завршување на обуката, учесниците можат да:
Ø Ги наведат и објаснат различните стратегии на оценувањето
Ø Ја оценат ефективноста на обуката (повратни информации од учесниците)
Ø Развијат план за 3-дневна обука за дисеминација на техниките на оценување на останатите наставници.
Консултанти од ИРА - Обучувачи |
Томас Герард Шил
Истражувачки партнер, Центар за истражувања во образованието,
St. Patrick’s College
Даблин, Ирска
Гери Шил, поранешен наставник и професор, е истражувач во Центарот за истражувања во образованието при St Patrick’s College во Даблин. Неговата тековна работа е во областа на меѓународните оценувања на академски постигнувања (вклучувајќи ја и програмата OECD PISA за оценување на вештини во читање, математика и наука кај 15 годишни ученици), национални програми за оценување на академски постигнувања (англиски јазик, математика, ирски јазик) и развојот на стандардизирани тестови. Тој исто така има развиено и неформални програми за оценување, вклучувајќи ги и програмата за оценување на јазични вештини (читање, пишување итн, на англиски јазик) и Próifílí Measúnachta don Ghaelige (за познавање на ирскиот јазик). Член е на примарната работна група за оценување при Ирскиот Национален Совет за наставни програми и оценување. Има предавано статистика под спонзорство на Светската банка во Лаос и во Лесото. Тековно е претседател на Комитетот за меѓународен развој во Европа на Меѓународната асоцијација за читање.
Карл Кичинг
Асистент за истражувања,
St. Patrick’s College of Education
Даблин, Ирска
Карл Кичинг работи како истражувач во областа на образованието од февруари, 2005 година во St. Patrick's College of Education. Неговите истражувања вклучуваат национална евалуација на наставни програми за после основно образование (Образование за љубовни врски и сексуалност) и истражувања за задоволството на наставниците од својата работа. Карл исто така има работено со студенти од педагошки факултет кои се пред вработување, за предавање на ирски јазик во основни училишта. Пред ова тој работел како наставник по Поддршка за англиски јазик и Поддршка за учење. Карл е член на комитетот при Асоцијацијата за читање на Ирска, и има напишано поглавие во нивната неодамнешна книга Писменост и учење на јазик (Hickey, T. 2006). Има Магистратура од областа на образованието со специјализација во писменоста, а тековно е запишан на докторат при Институтот за Образование на Универзитетот во Лондон.
Герард Шил и Карл Кичинг се автори на прирачникот Унапредување на оценувањето во училиштата којшто се употребуваше за време на обуката и претставува корисна алатка за учење за сите наставници од средните училишта.
Последователни активности |
По завршување на обуката:
Ø SEA ќе ги проследи активностите на планирање кои ќе им претходат на работилниците за дисеминирање на знаењето на останатите наставнициl;
Ø SEA ќе ги проследи регионалните состаноци за следење на напредокот на имплементацијата на оценувањето на учениците во училниците на ниво на училиштата;
Ø Советници од БРО – Сектор за средно стручно образование и обука (СССОО) и советници од Одделението за оценување ќе бидат вклучени во идните предвидени активности и ќе бидат поврзани со канцеларијата на SEA
Ø SEA во соработка со БРО – СССОО и Одделението за Оценување ќе основаат мрежа за размена на искуства за користењето на различни техники на оценување и стандарди за постигнување на академски успеси во училиштата;
Ø Евалуација на научените и користените методи на оценување.



del.icio.us
Digg


Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот